Connect with us

Фудбал

Две ѕвезди на ПСЖ се степаа по поразот од Реал, падна и оставка?

Фудбалерите на ПСЖ се фрустрирани по елиминацијата од Лигата на шампионите.

ПСЖ имаше 1:0 (гол на Килијан Мбапе) по 90 минути во Париз, синоќа до 60. минута, исто така, со голот на Мбапе водеше со 1:0 против Реал Мадрид, но домаќинот се пласираше во четвртфиналето со хет-трик на Карим Бензема.

Французите тешко се помируваат со неуспехот, па сопственикот на клубот Насер Ал-Хелаифи и спортскиот директор Леонардо упаднаа во соблекувалната за да се пресметаат со судиите, а доста тензично беше во соблекувалната каде што фудбалерите на лидерот во француската Лига 1.

Според информациите кои доаѓаат од странските медиуми, Нејмар и Џанлуиџи Донарума се судриле во соблекувалната откако Бразилецот поради грешка при првиот гол на Бензема почнал да викиа на својот италијански колега.

Наводно дошло до физичка пресметка, односно тепачка меѓу нив двајца, па соиграчите едвај ги разделиле. Донарума не се предаде, и самиот го обвини Нејмар дека ја загубил топката што доведе до вториот гол на Реал.

Останува да видиме како клубот ПСЖ ќе се справи со целата оваа ситуација, со оглед на фактот дека неконтролирано излегување имаше и сопственикот Насер Ал-Хелаифи, а Маурисио Покетино се чини дека си поднесе оставка по разочарувачката нова сезона во Лигата на шампионите.

ПСЖ се уште се бори за титулата во Франција, но засега не се чини дека некој може да им го загрози првото место, но со години богатите сопственици на клубот го посакуваат исклучиво трофејот во Лигата на шампионите. Минатото лето направија спектакуларни трансфери, дури и ги доведоа Серхио Рамос, Лионел Меси, Џорџини Вајналдум, Џанлуиџи Донарума и Ахраф Хакими, но се чини дека сето тоа е залудно …