Connect with us

Фудбал

Двоецот вреди 140 мил. евра

Холандскиот гигант Ајакс испрати јасна порака до сите клубови кои ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на стандардните првотимци, Матијас де Лигт и Френки де Јонг.

Најголем интерес за нивните услуги покажаа актуелните шампиони на Англија и Шпанија, Манчестер Сити и Барселона, но двата клуба ќе мораа да одвојат сериозен паричен износ за нивното обесштетување.

Де Лигт според челниците на Ајакс вреди околу 65 мил. евра, а 10 мил. евра повеќе вреди играчот за врска Френки де Јонг.