Connect with us

Фудбал

Е, ова досега го немало, Европа, Азија и Африка да организираат Светско првенство?!

Фудбалските сојузи на Грција, Египет и Саудиска Арабија поднесоа заедничка кандидатура за организација на Светското првенство во 2030 година.

Затоа, за прв пат во историјата, Светското првенство би можело да се одржи на три различни континенти, а најголемиот товар во организацијата би го преземала најбогатата Саудиска Арабија, која би финансирала изградба на дел од потребната инфраструктура во Египет и Грција. Светското првенство, исто како и претстојното во Катар, би се одржало на крајот на годината поради големите горештини во текот на летото. Покрај оваа кандидатура, заеднички предлог за организација на Мундијалот во 2030 година поднесоа и Шпанија, Португалија и Украина, а истото би можеле да го направат и јужноамериканците Аргентина, Уругвај, Парагвај и Чиле.