Поврзи се со нас

Фудбал

Еден терористите во Виена, чии родители потекнуваат од Македонија, бил фудбалер?!

Новинарот Флориан Кенк на својот Твитер профил откри дека еден од напаѓачите во терористичкиот напад во Виена, Кујтим Фејзулаи бил фудбалер. Кујтим е убиен во акцијата на полицијата, а според последните информации, неговите родители се по потекло од Македонија. Тој е роден во Виена, а во 2015-та година бил дел од локален фудбалски клуб Бухари, а наводно добро му одело. Тогаш тој имал 15 години со оглед на тоа дека е роден во 2000-та година.

Новинарот Кенк напиша:

-За мене останува едно прашање: зошто човек што само играше фудбал во виенски фудбалски клуб се радикализираше за неколку години што погуби четири лица. Што точно се случи таму? Кој не погледнал? Ова е истражувачки проект.

Инаку, синоќа се случи терористички напад во Виена, во кој загинаа четири лица, а 20 беа повредени. Според информациите имало шест напаѓачи, од кои едниот е убиен, а останатите се уапсени.

loading...

Facebook