Connect with us

Фудбал

Едерсон ги замрзна сите на Етихад: Ваквите потези одвреме-навреме ќе му се вратат на глава (ВИДЕО)

Голманот на Манчестер Сити, Едерсон е познат по тоа што сака да ја има топката во своите нозе.

Бразилскиот голман често истакнуваше дека сака да игра во поле, често топката е во неговите нозе поради стилот на игра што го негува Пеп Гвардиола.

Не доби дозвола, но сепак често е во посед на топката. Тоа е причината поради која често игра, а денес тој натпревар против Ливерпул можеше скапо да го чини.

Една повратна топка Едерсон за малку ќе ја испратеше во сопствената мрежа. Таа за момент побегна од него додека тој се обидуваше да интервенира, но за среќа на Сити успеа да ја стигне.

Диого Јота се обиде да ја искористи грешката на Едерсон. Тој се фрли на топката, но не успеа да ја фати и интервенираше Едерсон.