Connect with us

Ракомет

Едно полувреме доволно за вардарци да слават триумф над Мешков Брест

Македонскиот првак Вардар ја забележа петтата победа во групната фаза од Лигата на шампионите, откако вечерва беше поуспешен од Мешков Брест со 30:23.

„Црвено-црните” до победата стигнаа по подобра игра во второто полувреме. Првите 30 минути завршија нерешено 14:14.

Предводник во триумфот на домаќините беше хрватскиот интернационалец Игор Карачиќ со 11 голови.

Вардар на овој меч настапи ослабен без левиот бек Вуко Борозан.

И во следното коло македонскиот првак ќе биде домаќин, во СЦ „Јане Сандански” следниот викенд доаѓа Барселона.

По шест рунди Вардар има пет победи и еден пораз и е на првото место на табелчата во А-групата.