Connect with us

Фудбал

Едноставно незапирлив, маестрален дриблинг и гол на Мбапе (ВИДЕО)

Фудбалерите на ПСЖ веќе извесно време се подготвуваа во Јапонија, а денеска играат нов подготвителен натпревар.

Парижаните играат против Урава и водат со 2:0 по првото полувреме, а јасно е дека јапонскиот клуб денеска тешко ќе го избегне поразот.

ПСЖ поведе веќе во 16. минута кога асистираше Икарди, а Сарабија постигна гол за 1:0.

Сепак, деталот кој го одбележа првото полувреме се случи во 35. минута, а во центарот на вниманието беше неверојатниот Килијан Мбапе.

Мбапе со одличен дриблинг мина еден играч на Урава, а потоа од прилично тешка позиција успеа да ја забие топката во мрежата на јапонскиот клуб за 2:0. Мајсторијата на Мбапе можете да ја погледнете во видеото подолу.