Connect with us

Ракомет

ЕХФ го објави распоредот за Светското првенство: Отвараме против Јапонија! (ФОТО)

Ракометната репрезентација на Македонија наредната година ќе настапува на Мундијалот во Германија и Данска, а денес ЕХФ го објави распоредот за натпреварот.

Македонија на ова Светско првенство ќе игра во групата „Б“ во која уште се сместени, Исланд Шпанија, Јапонија, Хрватска и Бахреин.

Првиот натпревар го играме на 11-ти јануари во 15:30 часот против Јапонија, после еден ден пауза следи натпреварот против Бахреин од 14-часот.

Терминот од 14-ти јануари во 18 часот за нас е резервиран за натпреварот против Хрватска, потоа два дена подоцна, односно на 16-ти јануари во 20:30 часот играме против Шпанија.

sportski.mk