Connect with us

Ракомет

ЕХФ проговори за ситуацијата со коронавирусот: Поставен е нов услов за репрезентациите

Коронавирусот им создаде големи проблеми на репрезентациите кои ќе учествуваат на претстојното Европско првенство во ракомет.

Некои го доведоа во прашање и настапот на ЕУРО, а по повод целата ситуација се огласи и ЕХФ, кој предложи регулатива за коронавирусот.

Поточно, ова е нов услов за репрезентациите учеснички доколку имаат играчи кои се позитивни на коронавирус.

Новата состојба ќе биде пет дена изолација по позитивен тест, и два последователни негативни теста, по што ракометарот ќе се стекне со право на настап.

За оваа одлука се уште се чека официјална потврда, но извесно е дека ЕХФ ќе направи се за да се избегне најлошото сценарио, а тоа е откажување на Европското првенство.