Connect with us

Фудбал

Екс претседателот на Реал Мадрид почина од Ковид-19, а неговото семејство револтирано од написите

Поранешниот претседател на Реал Мадрид Лоренцо Санс почина на 77-годишна возраст, а причина се компликациите од Ковид-19. Трагедијата да биде уште поголема потврдено е дека и неговиот најстар син Пако Санс (47) е заразен со смртоносниот вирус.

Сепак, семејството на екс претседателот на кралскиот клуб е револатирано од написите на медиумите. Иако е погребан, во медиумите се појавија информации дека телото на Лоренцо Санс наводно исчезнало, а семејството наводно не можело да утврди каде се наоѓа.

Неговиот син, поранешен играч на Реал, Фернандо Санс (46) ги демантираше овие информации.

-Премногу е сериозно да се каже ваква глупава работа, а уште посериозно е кога се кажани лаги. Телото не е креминаро и се уште не е познато каде ќе биде кремацијата, бидејќи крематориумите се преполни. Срамота е да се каже дека телото исчезнало, напиша тој на Твитер.