Connect with us

Фудбал

Елиф Елмас ќе биде како ново засилување за Фенербахче за следната сезона

Откако не успеа да се наметне кај Ајкут Кочман, младиот македонски талент, Елиф Елмас го покажува сиот свој потенцијал под Филип Коку.

Холандскиот стратег константно му дава прилика на 18 годишниот репрезентативец на Македонија, а Елмас му возвраќа на најдобар можен начин, со одлични партии.

Токму затоа медиумите во Турција го посочуваат Елмас како ново засилување за тимот во пресрет на новата сезона иако фудбалерот се пресели во Турција пред една година. Нашиот интернационалец блеска на подготовките на Фенербахче и доколку продолжи вака ќе биде една од главните алки на Коку во пресрет на новата сезона.

Турскиот клуб ќе мора да внимава на трансферите со цел да ги исполни барањата од Финансискиот фер плеј, па токму затоа Елмас е посочен како најголемо засилување за следната сезона.

derbi.mk