Connect with us

Фудбал

Елмас: Остававме многу простор во првиот дел

Италија не ја пропушти можноста да се одмази за поразот во Палермо после кој не успеаја да обезбедат учество на Мундијалот. Нашата репрезентација бше поразена во високи 5:2.

По натпреварот Елиф Елмас изјави дека остававме многу простор во првиот дел, но и дека ваквите натпревари треба да му помогнат нашата репрезентација да расте како тим.

„Да бидам искрен ние секогаш веруваме во себе на секој натпревар свесни дека можеме до позитивни нешта. Така беше и сега но не одигравме според договорот и планираното во првото полувреме. Во секој случај, ова се натпревари кои секогаш ни помагаат во нашиот посакуван раст како тим“ – истакна Елмас по мечот.

„Знаевме дека Италијанците ќе почнат со силен атак, но ние уште повеќе ги засиливме затоа што остававме многу простор во првиот дел. Во второто полувреме беше далеку подобро веднаш се виде дека може да играме како што треба, и тоа треба да ни е слика за следните натпревари“, изјави Елмас.