Connect with us

Фудбал

Емери признава: Го знам моето место, Нејмар е шеф во ПСЖ

Унаи Емери по крајот на сезоната ќе го напушти кормилото на ПСЖ, откако ни оваа сезона не успеа да направи пробив во Лигата на шампионите.

Емери ќе ја клупата на ПСЖ на крајот на јуни, а сега ја отвори душата и призна дека тој не е „главен“ на „паркот на принцовите“, и дека таа улога му припаѓа на бразилската ѕвезда, Нејмар.

„Во една прилика Валдано (поранешниот аргентински фудбалер и тренер), ми кажа дека во Барселона, „главен“ е Меси, во Реал Мадрид, Флорентино Перез, а во Атлетико Мадрид, Симеоне. Играч, претседател и тренер – различни улоги во секој од овие случаи. Јас совршено знаат кога сум одговорен за нешто, кога се одвоени како поединец и тоа е процес кој секој тренер мора да го прифати. Ова е нешто што се стекнува со искуство“, рече Емери за Тактикал Рум, па се осврна на улогата на Нејмар во ПСЖ:

„Во секој клуб морате да знаете која е вашата улога и која е улогата што ви ја дава колективот, а во ПСЖ „главен“ е  Нејмар. Поточно кажано „главен“ е и ќе биде Нејмар. Тој дојде во ПСЖ да биде лидер, да помине преку процес кој ќе го направи најдобриот играч во светот. Тоа е нешто за што е потребно време. На пример, Пеп Гвардиола, тој е шеф на Сити, но во ПСЖ тоа мора да биде Нејмар “.

Во зборовите на Емери мора да има вистината, со оглед дека медиумите од самото пристигање на Нејмар во ПСЖ објави за неговата „своеглавост“, а неговата желба да биде неприкосновен „шеф“ во тимот можевме да ја видиме на дело, на теренот во неколку наврати.