Connect with us

Фудбал

Емери верува во проектот ПСЖ

Елиминацијата од Реал Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампионите најверојатно ќе значи отказ за тренерот на ПСЖ, Унаи Емери, но шпанскиот стручњак е убеден дека тимот се развива по нагорна линија и не е далеку денот кога парижаните ќе бидат на тронот.

– Сите сакаат брз резултат и триумф во Лигата на шампионите. Убеден сум дека ПСЖ проектот ќе успее. Мораме да го надминеме разочарувањето и да продолжиме понатаму. Порано или подоцна, овој тим ќе победи на турнирот. Можно е да се направи тоа следната сезона, изјави Емери.

ПСЖ синоќа на домашен терен загуби од Реал со 2:1, пораз по кој сопственикот на клубот Насер Ел Калаифи изрази голема разочараност и го доведе во прашање останувањето на Емери на тренерската позиција.