Connect with us

Фудбал

Емирот на Катар пристигнува во Париз за лично да го комплетира големиот потпис на ПСЖ

Францускиот шампион ПСЖ има големи планови за летото.

Парижаните конечно сакаат да дојдат до европскиот трон и прават се за да биде што посилен тимот со кој би можеле да стигнат до трофејот во Лигата на шампионите.

Се очекува наскоро да заврши сагата околу потписот на Килијан Мбапе. Одличниот напаѓач наводно е многу блиску до потпис на нов договор, но наскоро би можел да падне уште еден голем потпис на ПСЖ.

Славниот Зинедин Зидан би можел да стане нов тренер на ПСЖ. Француските медиуми тврдат дека на легендата и е понудена функцијата тренер и во Париз сакаат тој да го замени Маурисио Покетино.

Новинарот Фабрис Хокинс објави дека емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани лично ќе отпатува во Париз за да разговара со Зидан и да му понуди работа.

Нема сомнеж дека понудата до Зидан ќе биде многу примамлива, но за тоа колку е сериозна целата работа со неговиот ангажман доволно говори доаѓањето на емирот на Катар.

Зидан е на тренерска пауза откако минатата година ја напушти клупата на Реал Мадрид со кој освои апсолутно се во два мандати.

Дали ќе ја прифати понудата на парижаните веројатно ќе дознаеме многу брзо.