Connect with us

Фудбал

Емотивен натпревар на Македонија ЃП – играа за Мартин Јанушев

Во рамките на втората македонска фудбалска лига денеска се одиграа четири натпревари, меѓу кои и Македонија Ѓорче Петров – Зајази.

По завршувањето на натпреварот со победа за домаќинот, играчите на Македонија ЃП се простија од нивниот поранешен колега, прерано загинатиот Мартин Јанушев кој вчера вечер беше застрелан во Скопје.

Играчите испратија порака „Почивај во мир Јанушев“.

Инаку, МВР се уште не открива детали од истрагата и тоа дали убиецот или убијците се идентификувани.

Мартин беше роден на 28.07.1989 во Скопје. Последен пат има играно за Локомотива, а претходно во Маџари Солидарност и 11 Октомври.