Фудбал
Енис Барди на пат кон Турција, Леванте прифатил понуда од 10 милиони евра!
Македонскиот репрезентативец Енис Барди, е на пат кон Турција. Следната сезона најверојатно ќе игра за Трабзонспор, актуелниот шампион, кој понудил 10 милиони евра за Барди, а Леванте прифатил. Од сумата за која станува збор, повеќе од два милиони евра ќе бидат за плата на Барди, а остатокот Левенте ќе го добие преку обештетувања и бонуси. Потсетуваме дека во турското фудбалско првенство ќе настапува и Езгјан Алиоски кој потпиша со Фенербахче.