Фудбал
Енис Барди не сака да игра во МЛС лигата, го одбил ДЦ Јунајтед
Иако Леванте договорил се со ДЦ Јунајтед, сепак македонскиот репрезентативец Енис Барди одбил да се пресели во МЛС лигата, објавија шпанските медиуми. Како што се тврди, зделката била договорена помеѓу двата тима, но Барди рекол не. Наводно контакти има со Олимпијакос, иако и тоа се уште не е официјално, а она што е сигурно е дека ќе го напушти Леванте.