Фудбал
Енрике одлучи да го „олади“ Дембеле, нема да патува за мечот со Арсенал
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле е изоставен од тимот во пресрет на натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите, во кој францускиот шампион ќе се сретне со Арсенал.
Како што пренесуваат „L’Equip“ и „RMC sport“, тренерот на „светците“ Луис Енрике одлучил да го изостави Дембеле од списокот на патници, иако играчот нема проблеми со повредата.
„Л’Екип“ наведува дека Енрике и Дембеле имале вербална пресметка по победата над Рен од 3:1, во која крилниот напаѓач учествувал со една асистенција. Споменатиот весник наведува дека на брифингот Дембеле бил критикуван за одредени одлуки во текот на натпреварот, по што следела жестока дискусија. Епилогот на се е што напаѓачот е оставен да се „олади“, а до кога ќе издржи останува да видиме. Дуелот помеѓу Арсенал и ПСЖ е закажан за вторник од 21 часот на стадионот Емирати.