Connect with us

Други спортови

ЕП во ватерполо: Србија-Шпанија за злато, Италија-Хрватска за бронза

Србија и Шпанија ќе играат во финалето на Европското првенство во ватерполо што се одржува во Барселона.

Шпанските ватерполисти во полуфиналето ја совладаа Италија со 8:7 (по четвртини: 1:1, 3:2, 1:3, 3:1), српските, пак, триумфираа над Хрватска со 9:7 (по четвртини: 5:3, 1:1, 1:1, 2:2).

Финалето е утревечер (сабота) со почеток во 22,15 часот, во меч за бронзениот медал од 20,30 ч. ќе играат Италија и Хрватска.

novatv.mk