Connect with us

Фудбал

Ердоган ја нападна УЕФА поради спорниот поздрав: Ова е казна за целата нација!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро ја критикуваше УЕФА за нејзината одлука да го суспендира дефанзивецот Мерих Демирал поради неговиот контроверзен поздрав и гест. Во изјава за новинската агенција Анадолу, Ердоган, кој спонтано отпатува во Германија за четвртфиналето меѓу Холандија и Турција (2:1), ја критикуваше УЕФА за суспензијата на дефанзивецот.

Демирал постигна два гола за Турција во победата од 2-1 над Австрија, прославувајќи го вториот гол кревајќи ги рацете високо и покажувајќи го поздравот на Сивите волци, турска ултра-националистичка група. Сивите волци претставуваат идеологија која тврди дека турската раса е супериорна во однос на другите и се стреми кон обединување во една земја од Балканот до Кина.

УЕФА реши да биде ригорозна кон Мерих Демирал и да го суспендира поради поздравување на т.н. „Сивите волци“ во натпреварот против Австрија. За Ердоган оваа одлука е „необјаснива и чисто политичка“.

-Искрено, тоа фрли сенка на Европското првенство. Всушност, ова е казна за Турција како нација“, рече Ердоган.

Од гледна точка на турските навивачи, овој поздрав не е расизам, туку национален симбол на Турците и секако не е чудно што тие не се согласуваат со одлуката на УЕФА.