Connect with us

Фудбал

Ериксен подготвува голем кам-бек: „Не ја криеме желбата да дојде“

Кристијан Ериксен оваа сезона му се врати на фудбалот, што ги воодушеви сите љубители на фудбалот.

Ериксен дојде во тимот на Брентфорд и одигра неколку добри натпревари, а веќе ова лето би можел да направи трансфер во поранешниот клуб.

Имено, Тотенхем е заинтересиран да го врати Ериксен во своите редови, а за се проговори и тренерот на Спарс, Антонио Конте.

“Ериксен е одличен играч. Убаво е што повторно го гледам на ова ниво, среќен сум поради него. Тренира, се труди и не е на одмет да го доведеме на лето. Тоа е дефинитивно наша желба” изјави Конте.

Данскиот репрезентативец од 2013 до 2020 година го носеше дресот на Тотенхем каде ги пружи најдобрите партии во кариерата.