Connect with us

Фудбал

Ериксен повторно игра фудбал: Јас сум среќен човек

Кристијан Ериксен повторно игра фудбал. Данскиот интернационалец го одигра првиот официјален натпревар по колабирањето на Европското првенство.

Ериксен влезе во игра во 52. минута на натпреварот помеѓу Брентфорд и Њукасл, со стоечки овации од сите навивачи на трибините. Данецот е на теренот 259 дена откако доживеа срцев удар.

„Ако го исклучиме резултатот, јас сум среќен човек. Со оглед на сето она низ кое поминав, ова е фантастично чувство. Брентфорд добро се грижи за мене“, изјави Ериксен.

„Тука се сите, моето семејство, родителите, децата, но и неколку доктори кои работат со мене. „Она што го поминаа е уште потешко од она што јас го доживеав.#

Брентфорд веќе во 11. минута остана со десет играчи на теренот, бидејќи Дасилва доби црвен картон. На крајот загуби со 2:0.

„Никогаш не можете да предвидите што ќе се случи на натпреварите. Никој не можеше да претпостави дека толку рано ќе останеме со играчот. Момците направија се што можеа“, изјави Данецот.

„Свесни сме дека секој натпревар е важен. Ние сме фокусирани на нашата работа. Сакам да му се вратам на фудбалот, да го стекнам тоа чувство и потоа да му помогнам на клубот да остане во Премиер лигата“.

Бретнфорд е 15-ти на табелата со 24 бодови, три повеќе од Барнли, кој е прв во зоната за испаѓање.