Connect with us

Фудбал

Ерлинг Халанд со трансферот во Сити почнува домино ефект, поради него неколку големи трансфери летово?!

Ерлинг Халанд од следното лето ќе биде играч на Манчестер Сити, тоа го потврди и англискиот клуб. Токму неговиот трансфер, ќе предизвика домино ефект и ќе има бурно лето, пишуваат дел од англиските медиуми. Па, да тргнеме со ред.

ГАБРИЕЛ ЖЕСУС – ОД МАНЧЕСТЕР СИТИ ВО АРСЕНАЛ

Претстојното доаѓање на Халанд значи дека Пеп Гвардиола конечно има напаѓач кој ќе го замени Серхио Агуеро, а Сити може да се пофали со неколку талентирани опции во нападот.

Позицијата на Габриел Жесус во тимот сега е веројатно најранлива и покрај неговото неодамнешно враќање во форма.

Бразилецот никогаш не успеал да го задржи редовното место и со заинтересираниот Арсенал, Жезус би можел да ги смени боите. „Топџиите“ му нудат загарантирано место во стартната постава.

КИЛИЈАН МБАПЕ – ОД ПСЖ ВО РЕАЛ МАДРИД

Освен Халанд, Килијан Мбапе е најбараниот играч во Европа во последните неколку месеци.

Но, Французинот конечно би можел да стави крај на својата долгогодишна трансфер сага со потпишување договор со Реал Мадрид.

УСМАН ДЕМБЕЛЕ – ОД БАРСЕЛОНА ВО ПСЖ

Доколку Мбапе го напушти Париз, Усман Дембеле ќе биде високо на листата на потенцијални замени. Францускиот репрезентативец имаше тешки моменти во Барселона оваа сезона и Каталонците сакаа да се ослободат од него на почетокот на годината.Дембеле често се поврзува со преселба во ПСЖ, а просторот на левото крило како резултат на заминувањето на Мбапе може да биде совршен за крилниот напаѓач да ја докаже својата класа.

РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ – ОД БАЕРН МИНХЕН ВО БАРСЕЛОНА

Со заминувањето на Дембеле, Барселона сигурно ќе се обиде да се надгради со потпишувањето на ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски. Напаѓачот не крие дека сака да се пресели на Ноу Камп за да ги зголеми шансите конечно да ја освои Златната топка. Тој освои се што може да се освои во Баерн и на 33 години е подготвен за поинаков предизвик – и сега сака да ја покаже својата голгетерска моќ во друга голема европска лига.

 

САДИО МАНЕ – ОД ЛИВЕРПУЛ ВО БАЕРН МИНХЕН

Ако Левандовски си замине по осум години, на германскиот гигант ќе му треба ново име за суперѕвезда. Тие веќе го имаат насочено вниманието кон Садио Мане од Ливерпул и наводно разговарале со агентот на играчот. Мане инсистира дека е среќен на „Енфилд“, но се верува дека разговорите за неговиот договор со „црвените“ дошле во ќорсокак.

 

КРИСТОФЕР НКУНКУ – ОД ЛАЈПЦИГ ВО ЛИВЕРПУЛ

Кристофер Нкунку би можел да биде замената за Мане, откако постигна 34 гола и 20 асистенции за РБ Лајпциг оваа сезона. Тој има педигре во Лигата на шампионите и неговото доаѓање на „Енфилд“ исто така би било голем удар за Манчестер Јунајтед откако Нкунку беше поврзуван со „црвените ѓаволи“ .

Реклама

Facebook