Фудбал
Ерменски Пјуник добива уште еден Македонец!
Откако Марјан Радески летово потпиша за Пјуник, ерменскиот прволигаш наскоро ќе добие уште еден Македонец. Станува збор за репрезентативецот Стефан Спировски. Според информациите играчот за врска го делат само формалности од потпис и официјализирање на соработката која ќе биде за една година.
Последен клуб на Спировски беше МТК кој испадна од елитата на Унгарија, а претходно настапуваше за Мариупол, АЕК Ларнака, Хапоел Тел Авив и за Ференцварош. Од македонските клубови, Спировски ги носеше дресовите на Вардар, Работнички и на Пелистер.