Connect with us

Ракомет

ЕРТ објасни зошто преносот го почнаа со МКД во графиката!

Грчкиот национален сервис (ЕРТ) откако го навлече гневот на домашната јавност поради кодот МКД на графиката за време на денешниот меч во квалификациите за Евро 2020 во Кожани, вечерва се извини и објасни зошто настанала грешката.

ЕРТ во официјалното соопштение потенцираше дека грешката во графиката не е нивна, туку на компанија која ја изработувала таа графика. Денеска од стартот на мечот, на ЕРТ3 во графиката се појави кодот МКД, кој нешто подоцна беше променет во ФИР, како стратеница на ФИРОМ.

„Продукцијата на графиката за мечот не беше правена од ЕРТ, туку од надворешна компанија. Графиката во која стои кодот МКД, како код на ФИРОМ е код кој го употребува Европската ракометна федерација (ЕХФ). Спортскиот директориум на ЕРТ и ЕРТ3 многу брзо интервенираше и ја исконтактира компанијата, па како резултат на тоа беше корегиран кодот и ФИРОМ беше напишан со ФИР. Во секој случај, компетентните органи на ЕРТ ќе спроведат истрага за случајот по сите процедури со цел да се утврди било каква одговорност или некаква евентуални дисциплински мерка ако е тоа потребно“, пишува во соопштението на ЕРТ.