Connect with us

Ракомет

Еурофарм го надигра Борец, деби со триумф за Темелковски

Ракометарите на Еурофарм Работник на дебито на новиот тренер Иле Темелковски го победија Борец со 31-24 (15-13) во рамките на 5. коло од Суперлигата. Дуелот се одигра пред 1.000 гледачи во спортската сала „Младост“ во Битола.

„Фармацевтите“ посебно во второто полувреме покажаа дека располагаат со неспорен квалитет, доволен за лесни бодови на контото по победата над Борец. Мечот започна израмнето и до 6-6, двете екипи неколку пати се менуваа во водството и трипати резултатот беше израмнет.

Дрогришки и Мајнов во финишот на првиот дел на битолчани им донесоа +2 на одморот. Клучната фаза во натпреварот беа првите минути во вториот дел, кога момците на Темелковски побегнаа со серија 5-1. До крајот, домаќините рутински го зголемуваа водството за победа од 31-24. Mајнов со 9 гола се истакна во таборот на Еурофарм Работник, Дрогришки постигна 6, а Златко Мојсоски беше автор на 5 гола. Кај велешани најефикасни беа Илиев со 7 и Давитковски и Крстевски со по 4 гола.