Connect with us

Ракомет

Еурофарм Работник со четири позитива патува на реваншот во Литванија

Ракометарите на Еурофарм Работник синоќа во Битола на домашен терен постигнаа победа од 28:24 против Гранитас од Литванија во првиот натпревар од 3. коло од Челинџ купот.

Битолскиот тим на реваншот во Литванија ќе патува со позитива од четири голови, иако во текот натпреварот имаа и повисоко водство (шест голови).

Избраниците на тренерот Илија Темелковски во дебито во еврокуповите за Еурофарм Работник остварија триумф, иако Темелковски посакуваше поуверлива победа за помирен реванш. Најефикасни кај Еурофарм Работник беа крилата Гоце Ојлески со 8 голови и Златко Мојсоски со 6.

Реванш натпреварот се игра на 25 ноември (сабота) во Каунас.