Connect with us

Фудбал

Ева Карнеиро: Само еден случај и се ќе се распадне

Поранешната лекарка на Челзи, Ева Карнеиро зборуваше околу можностите да се продолжи Премиер лигата. Вели дека многу е ризично натпреварувањето да продолжи и дека само еден случај на коронавирус помеѓу фудбалерите тогаш ќе направи проблем.

-Потребен е само еден случај и се ќе се распадне. Тоа ќе ги стави сите во голем ризик. Неопходно е да има многу подобра комуникација како и безбедност. Ако фудбалот продолжи, клучот е тестирањето, вели Карнеиро.