Connect with us

Фудбал

Еве колку долго ќе отсуствува Браим Дијаз

Напаѓачот на Реал Мадрид, Браим Дијаз ќе биде надвор од терените најмалку осум недели. 25-годишниот фудбалер ја заработи повредата во 25. минута од победата на Лос Бланкос над Реал Сосиедад од 2:0 во петтото коло од Ла Лига.

Дијаз има повреда на мускулот поради која ќе биде надвор од терените најмалку до ноември. За една недела повторно ќе биде подложен на лекарски прегледи за поголема јасност.