Connect with us

Фудбал

Еве зошто Вест Хем не постигна гол од пенал против Ливерпул, камерите го уловија Ван Дајк што правеше (ВИДЕО)

Ливерпул славеше со минимални 1:0 против Вест Хем во средата, а единствениот гол беше дело на Нуњез. Но, противничкиот тим имаше можност да израмни од пенал, сепак ударот на Браун го одбрани Алисон.

На социјалните мрежи се појави видео од Ван Дајк непосредно пред пеналот како се обидува да ја оштети белата точка. Коментарите на социјалните мрежи се дека Ван Дајк успеал во намерата, бидејќи Вест Хем не постигна гол од пенал.