Connect with us

Фудбал

Евертон има план како да го донесе најдобриот напаѓач од Италија

Чиро Имобиле игра одлично оваа сезона. Голгетерски е расположен, па со 27 голови е прв стрелец во Серие А. Сериозен интерен има од Евертон за него, бидејќи е голема желба на тренерот Карло Анчеоти. Цената која ја бара Лацио, 50 милиони евра, сепак е превисока. Но, Евертон има план.

Како шро пренесуваат дел од медиумите, Евертон планира на Лацио да му го испрати младиот напаѓач Моизе Кен, плус извесна сума на пари.

Да потсетиме, Моизе Кен минатото лето пристигна од Јувентус за 30 милиони евра, но не ги оправда очекувањата. Сепак, 20-годишниот напаѓач е голема надеж на италијанскиот фудбал и можеби во Лацио подобро ќе се снајде.

Инаку, Лацио и Имобиле во овие денови преговараат за нов договор.