Connect with us

Фудбал

Европо подготви се, по Халанд, доаѓа Тјаланд

Неговото име е Ерлинг Браут Халанд и цела Европа веќе знае за него. Стана ѕвезда во дресот на РБ Салцбург, а по доаѓањето во Борусија Дортмунд продолжи да ги тероризира противничките голмани.

Но, наскоро на сцената би можел да стигне и неговиот роднина, поточно братучед од страната на мајката, Алберт Браут Тјаланд.

Имаат слични презимиња, а играат иста позиција, напаѓач. Овој 16-годишно момче во моментов игра за тим во кој никна Халанд. Тинејџерот го носи дресот на Брин, мал норвешки тим, а се чини дека му оди одлично.

Во саботата дебитираше за сениорскиот тим на пријателски меч, а во јуниорската екипа на 22 меча постигна неверојатни 30 голови.

-Уште од мал сонувам да дебитирам за првиот тим. Не очекував да дебитирам помалку од еден месец по мојот 16-ти роденден, изјави Тјаланд за норвешки „ВГ“.

Беше прашан и за Ерлинг Халанд.

-Да, неверојатно е тоа што постигна. Тој е голема инспирација, вели Алберт.

Иако во ниту во Норвешка се уште не знаат многу за него, сепак неверојатна е сличноста помеѓу нив двајца. Алберт Тјаланд иако има 16 години веќе нарасна 185 сантиметри.