Connect with us

Други спортови

Европската држава воведува посебен закон за трансродовите спортисти: „Можеме да создадеме еднаквост“

Трансродовите луѓе се повеќе се застапени во светот на спортот, а Данска одлучи да размисли за посебен закон за ова прашање.

Данскиот олимписки комитет ја разгледува опцијата трансродовите луѓе вообичаено да бидат вклучени во тренерските процеси, иако таквите работи беа озлогласени во последните месеци, откако Лиа Томас (22) на почетокот на декември го освои натпреварувањето во пливање за амаеичките универзитети.

Изгледот на оваа 22-годишна девојка предизвика огромно внимание, со оглед на тоа дека се работи за маж кој пред неколку години одлучил да стане жена.

Лиа две години се натпреваруваше во машка конкуренција на Универзитетот во Пенсилванија, но бидејќи го смени полот и беше дозволено да се натпреварува и во женска конкуренција.

И тоа ѝ донесе одлични резултати. Апсолутно доминираше во однос на останатите и ги собори речиси сите рекорди што можеше на овие натпревари.

Ваквите ситуации во Данска би можеле да добијат зелено светло и покрај големото противење.

„Ако некој спортист ви дојде на тренинг и каже дека сака да стане девојка, што ќе направите? Ќе го отстраните од тимот? Ќе му ги забраните тренинзите, натпреварите? Не можеме толку да влијаеме на некои природни работи и на човечкото тело , но можеме да создадеме еднаквост, да им дадеме шанса на сите да бидат дел од спортско семејство“, соопшти Данскиот олимписки комитет.