Connect with us

Фудбал

Фабињо не мрда од “Енфилд”

И покрај очајната минутажа која ја има во актуелната сезона, бразилскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Фабињо, нема да ја добие потребната дозвола за да си замине за време на зимскиот преоден рок.

Иако за да ги осигура неговите услуги одвои околу 50 мил. евра, менаџерот на “црвените”, Јирген Клоп, само во финишот од натпреварите ги користи услугите на одличниот играч за врска.

Сепак, германскиот стручњак за англиските медиуми изјави дека поранешниот фудбалер на Монако нема да биде продаден или позајмен за време на зимскиот преоден рок.