Connect with us

Фудбал

Фановите се обидоа физички да ги нападнат Сетиен и неговите асистенти, а само за двајца играчи аплаудираа

Барселона претрпе еден од најтешките порази во историјата во четвртфиналето од Лигата на шампионите синоќа во Лисабон, бидејќи Баерн ги понижи со 8:2.

Каталонците стигнаа до четвртфиналето преку Наполи, но се чини дека ќе беше подобро да беа елиминирани во осминафиналето. Барселона синоќа доживеа срам што не се памети.

Сепак, овој натпревар е најдобриот показател дека треба нешто итно да се промени во Барса, од претседателот до играчите. Веќе трета година по ред, Блауграна доживува дебакл во Лигата на шампионите, но она што им го направи Баерн синоќа, ќе се памети долго време.

Шпанските медиуми објавија денеска дека група навивачи на Барселона синоќа биле во Лисабон, и дека го следеа натпреварот на нивниот клуб пред стадионот. По натпреварот, тие го чекаа нивниот тим и тренерот да се упатат кон автобусот, а потоа започнаа навредите.

AS пишува дека оваа група на навивачи им извикувала на своите играчи дека се груби, и дека се срам за клубот, но хаосот настанал кога се појавил Кике Сетјан и неговите помошници.

Наводно, во тоа време, навивачите се обидоа физички да се пресметаат со Сетиен и неговите помошници, но брзата реакција на обезбедувањето го спречи ова. На крајот, последни што излегоа од тунелот беа младите играчи на овој тим, Ансу Фати и Рики Пуиг, кои беа единствените што добија аплауз од споменатата група на навивачи на Барселона.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com