Connect with us

Фудбал

Фановите шокирани од новиот изглед на Хамес Родригез: „Треба да бидете пример за децата“

Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез ги шокираше своите обожаватели менувајќи ја бојата на косата.

Се очекува Хамес наскоро да го напушти Катар и се очекува неговото враќање во Европа. Јужноамериканските медиуми пренесуваат дека Родригез веќе има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во англиската Премиер лига, најдобрата лига во светот.

Официјалните информации велат дека колумбискиот играч за врска кој е член на Ал Рајан е повреден и дека не се пријавил за настап од 5 март.

Сепак, впечатокот е дека Родригез намерно не сака да игра за да го напушти Катар и да се врати во Европа. Како што стојат работите, неговата желба многу брзо ќе се оствари. Претставниците на офанзивниот играч за врска се погрижија да му ја исполнат желбата и според моменталната ситуација тој следната сезона ќе настапува за Вест Хем.

Родригез во првиот обид не успеа да ја спаси кариерата во Англија, а останува да видиме како ќе биде во дресот на Вест Хем, кој е во многу подобра позиција од Евертон за кој настапуваше.

Хамес беше најдобар играч на Светското првенство во 2014 година, по што од Монако се пресели во Реал Мадрид, а потоа следуваше пад во неговата кариера иако се уште беше член на славниот Баерн, како позајмен играч.

Се уште постои голем интерес за еден од најдобрите колумбиски фудбалери на денешницата, но се чини дека некои негови потези надвор од теренот не оставаат најдобар впечаток кога е во прашање неговата посветеност на најважната споредна работа во светот.

„Сменив нешто, можете ли да погодите?“, напиша Хамес покрај фотографијата со розова коса.

Многу фанови сметаат дека тој претерал и дека тоа не доликува на сериозна и позната личност, особено на непопуларниот фудбалер кој многу деца во Колумбија го гледаат како идол.

„Треба да бидете пример за децата, а виедте како изгледате“, напиша еден од „навивачите“ на Колумбиецот, кој нема да го гледаме на Светското првенство бидејќи оваа јужноамериканска репрезентација не избори пласман на Светско првенство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Rodríguez (@jamesrodriguez10)