Connect with us

Други спортови

Федерер: Да не беа навивачите, ќе се повлечев уште пред шест години

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер признава дека поддршката од навивачите многу му значи.

Федерер веројатно е најомилениот лик кај навивачите на АТП турнирите и каде и да се појави добива голема поддршка. Тој кажа дека ако не беа навивачите ќе се повлечел уште пред шест години.

„Навивачите ми се навистина важни во кариерата, се чувствувам како дома каде и да одам. Тие ми помагаат да пребродам некои порази. Да не беа тие, веројатно би се повлекол уште пред шест години“ кажа Федерер во разговор за „Style“.

Инаку, Федерер моментално има 20 Грен Слем титули, а последната ја освои на почетокот на оваа година во Австралија.