Connect with us

Други спортови

Федерер ме потестува на тенисерите од старите денови, не знае да престане

Тренерот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Марјан Вајда истакан дека она што го прави Роже Федерер е многу возбудливо и дека го потсетува на тенисерите од седумдесетите години на минатиот век. Тој истакна дека Швајцарецот игра одлично, но и за тоа како би се однесувал наредната сезона.

-Како ќе игра и до кога ќе игра зависи само од него, верувам дека ќе игра помалку турнири и дека ќе се фокусира само на грен слем турнири. Тоа што го прави на 37 – години е за почит. Ние сакавме да престане да игра порано, но тој се уште е на врвот. Њукомб играше до 37 години, Конорс до 41, а да не го споменувам Розвол, кој играше и многу повеќе. Роже е како еден од тие во старите времиња, не размислува дека ќе треба да престане да игра. се чувсатвува одлично и ако е малку побавен сега, изјави Вајда.

Тренерот на Новак вели дека мечот во полуфиналето на мастерсот во Париз можел да го добие и едниот и другиот тенисер, но како победник излезе Србинот.

-Беше меч со висок интензитет. Роже исто така имаше свои одлични моменти, но му фалеше нешто дополнително. Тука мора да се пресметаат и петте години разлика, изјави Вајда.

На прашањето дали би го заменил Иван Лендел како тренер на Александар Зверев, Вајда одговори:

-Иван е навистина многу фокусиран. Му реков: „Имаш многу добар и силен тенисер. Јас почнав да работам со Новак кога беше на истата возраст како Зверев. Лендел ми одоговори дека Саша е одличен и дека има многу работа со него.