Други спортови
Федерер: Не знам дали можам повторно да бидам број 1
Вториот светски рекет Роџер Федерер го пофали неговиот колега Рафаел Надал, но исто така зборуваше и за потенцијалното враќање во првото место во светот. Во интервју за „Блик“, Федерер зборуваше за освојувањето на два „Лауреус“ награди оваа година, за Надал, но исто така и за важноста на првото место на АТП листата.
Надал на „Вимблдон“ стигна до полуфиналето, но таму се сретна со Новак Ѓоковиќ, од кого загуби по повеќе од пет часа игра.
– Тој е многу повеќе од „крал на земја“, поради неговата популарност и неговите навивачи. Луѓето сега знаат дека тој игра поагресивно и поофанзивно, па затоа е подобар на побрзи терени, вели Федерер.
Што се однесува до позицијата на број еден, Швајцарецот еден период беше на врвот, но сега Рафаел Надал официјално е најдобар тенисер на планетата.
– Ова е голем предизвик. Секогаш постои дополнителен притисок кога е во прашање број 1. Не сум сигурен дали можам повторно да дојдам до оваа позиција, особено оваа година, смета Федерер.
Швајцарецот, кој одигра неверојатна 2017 година, го освои шестото признание „Лауреус“, со што само го зајакна својот „рекорд“ кога станува збор за ова признание.
– Тоа беше голема чест, но најдоброто нешто во врска со овие настани е тоа што јас јавно можам да им се заблагодарам на луѓето кои цело време ми помагаат. Исто така може да го промовирам нашиот спорт и да разговарам со други ѕвезди, како Усаин Болт, додаде Роџер.