Connect with us

Други спортови

Федерер повеќе нема да освои ниедна грен слем титула

Чичкото на поранешниот светски тениски рекет број еден Шпанецот Рафаел Надал, Тони верува дека Швајцарецот Роже Федерер, повеќе нема да освои ниеден грен слем трофеј.

-Не сум сигурен во сето она што можеме да го очекуваме во 2019 година, но се чини дека Федерер тешко ќе може да осови уште некоја грен слем титула, напиша Тони во својата комлумна за „Ел Паис“

-Морам да признаам, ова го кажав и порано, но не бев во право, бидејќи Федерер ме изненади со одличната игра на теренот оваа сезона, додаде Шпанецот.

Еден од главните аргументи кои тој ги изнесува дека Швајцарецот нема да осови грен слем титула е тоа што тешко ќе ги поднесува натпреварите кои се играат во пет сет, но и дека неговиот внук главните борби следната сезона ќе ги води со Србинот Новак Ѓоковиќ.

Федерер во кариерата има освоено најмногу грен слем титули, вкупно 20 од кои шест на Австралија опен, една на Ролан Гарос, осум на Вимблдон и пет на Сад Опен.