Connect with us

Фудбал

Фелаини: Сега сум битен играч, а тие вредат 50 милиони

Марван Фелаини од Манчестер Јунајтед се уште не потпиша нов договор со Црвените Ѓаволи, а според извештаите на медиумите, причината за ова е белгиското незадоволство од понудената плата во вредност од 140.000 фунти неделно.

Дооворот потпишан со Јунајтед истекува на лето, меѓутоа, и покрај заедничката желба за продолжување на соработката, нов договор уште не е потпишан.

“Минатата година отидов кај тренерот и му кажав дека сакам нов договор. После тоа имаа уште еден состанок, но јас не сум човек кој 10 пати ќе го прашува истото. Во меѓувреме, постанав важен за екипата,а денес важните играчи чинат 50.000.000 евра. Луѓето во клубот знаат дека згрешиле што тогаш не ја продолжија соработката со мене” , рече Фелаини.

“По изјавите на Мурињо дека сака да ме задржи, се наоѓам во добра позиција. Знам дека сите соиграчите и членови на тренерскиот персонал ме ценат. Сите знаат дека сум играл важна улога во маршот кон трофејот од минатата сезона. Имам 30 години, истекува мојот договор и во преговори сум со Манчестер. Уште неколку останати клубови покажаја заинтересираност за мене, јас не би имале проблем да живеам во Кина, сакам да се истражуваат различни места, различни култури … “.

За крај, Фелаини ја прокоментира и изјавата од легендата на Ливерпул Џејмија Карагера, кој го критикуваше заради задоцнетото продолжување на договорот.

“Тој човек плукна девојче после дербито против Јунајтед. Не знам како се осудува да ги преиспитува моите одлуки, заврши Фелаини