Connect with us

Фудбал

„Феноменот“: Кристијано сигурно се лути кога велат дека јас сум вистинскиот Роналдо

Познатите фудбалски ѕвезди во изминатиот период имаат доста време за разговори, пред се онлајн, бидејќи се наоѓаат во своите домови во изолација поради пандемијата со коронавирусот.

Голема дебата отвори поранешниот италијански дефанзивец Фабио Канаваро. Тој во разговор со Бразилецот Роналдо изјави:

-Многу се зборува за Кристијано Роналдо. Покрај тоа што многу направил, луѓето мислат дека ти си вистинскиот Роналдо.

На ова „Феноменот“, одговори:

-Кристијано сигурно се нервира кога ќе слушне дека велат дека јас сум вистинскиот Роналдо. Не можеме да се споредуваме. Кристијано секогаш ќе биде еден од најдобрите во историјата поради она што го направил. Исто како и Меси, изјави Луис Назарио да Лима Роналдо.

Бразилскот ас три пати ја добиваше наградата на ФИФА за играч на годината, има две Златни топки, а Португалецот има дури пет.