Connect with us

Други спортови

Фетел го избра следниот тим во Формула 1?

Себастијан Фетел ќе го напушти Ферари на крајот на сезоната. Се зборуваше за негово евентуално повлекување од Формула 1, но нема да има ништо од тоа.

Како што стојат работите сега, Фетел следната година треба да седи во автомобилот „Расинг Поинт“. Германецот веќе призна дека овој тим е опција.

„Во моментов тоа се само разговори, треба да стане поконкретно подоцна“, рече Фетел неколку дена пред трката за Гран-при на Унгарија.

Расинг Поинт ќе се вика Астон Мартин од следната сезона и сака да има конкурентен автомобил со искусен возач. Затоа четирикратниот светски шампион е вистинската опција.

Пристигнувањето на Фетел во Астон Мартин ќе значи дека Серхио Перез ќе го напушти тимот. Мексиканецот кој се натпреварува во Формула 1 во 2011 година би можел да заврши во Алфа Ромео.