Connect with us

Други спортови

Фетел по трката: Грешката беше мала, а разочарувањето големо

Германскиот возач на болидот на Ферари, Себастијан Фетел денес буквално му ја поклони победата на Луис Хамилтон во Германија, кога почна да врне дожд Фетел излета од патеката а Хамилтон, го презеде првото место.

По завршувањето на трката, Фетел изјави дека не смета дека тоа е голема грешка и дека нема потреба за несоница по истата, но дека пропушти добра можност да се постигне триумф.

“Удрив во заштитната ограда и сфатив дека не можам да се извелчам. Како да прифатам такво нешто? Јас не мислам дека е во прашање голема грешка, не е дека нема да можам да спијам вечерва. Морам да кажам дека дождот не ми беше потребен” рече Фетел и продолжи:

“Тоа беше еден од оние моменти. Тоа е моја грешка и би сакал да му се извини на тимот. Грешката беше мала, а разочарувањето големо.”