Connect with us

Фудбал

ФФМ го суспендираше теренот во Кавадарци поради инцидентот на мечот со Вардар кој доби службена победа (ВИДЕО)

Фудбалската федерација на Македонија ја информира дека Градски стадион Кавадарци се суспендира поради напад (фрлено полно пластично шише ) кон втор асистент судија Гоце Петревски при што натпреварот бил прекинат.  Суспензијата трае до донесување на конечна одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ  и е  во рамки на натпревар од 6. коло на ПМФЛ помеѓу ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци-ФК Вардар АД одигран на 22.09.2024 година .

Комисијата за натпревари на ФФМ  според член 87 и 90 од Правилник за натпреварување на ФФМ со службен резултат  ГФК Тиквеш 1930- ФК Вардар  0:3 го регистрираше овој натпревар .