Connect with us

Фудбал

ФИФА ја казни Хрватска поради однесувањето на навивачите

Хрватскиот фудбаслки сојуз (ХНС) доби нова казна од Светската фудбалска федерација (ФИФА) поради однесувањето на хрватските навивачи на бараж натпреварот против Грција.

Хрватска е казнета со 30 илјади швајцарски франци поради дискриминаторски навивања и фрлање на предмети на теренот од страна на публиката.

Хрватска со убедливи 4:1 ја победи Грција на „Максимир“ во Загреб, со што изборија пласман на Мундијалот кој што идната година се игра во Русија.