Connect with us

Тајмаут

ФИФА ја казни Русија за расизам со 30.000 швајцарски франци

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја казни руската фудбалска федерација со парична казна од 30.000 швајцарски франци за расизам на руските навивачи во пријателски натпревар со Франција кој се одигра во март во ст.Петерсбург.

На мета на руските навивачи беа фудбалерите на „триколорите“ Пол Погба и Усман Дембеле, кои навивачите ги „почестија“ непријатни гестови.

ФИФА спроведе темелна истрага на видео доказите и утврди дека само ограничен број навивачи биле вклучени во расистичките инциденти.

Русија, како домаќин на Светското првенство, вети дека ќе се бори против расизмот.

„Штета што вакви дискриминаторски настани се случуваат тука, но за среќа, тие се многу ретки и не претставуваат тренд“, изјави Алексеј Сорокин, извршен директор на месниот комитет на Русија за Светското првенство, пренесува Хина.

ФИФА потврди дека судиите на Светското првенство во случај на расизам ќе го користат процесот од три чекори. Првиот чекор ќе биде да се прекини играта и да се предупреди дека дискриминаторското однесување мора да престане. Ако дискриминаторското однесување се повтори, судијата може повторно да го запре натпреварот и да побара уште едно предупредување, а третиот чекор е да го прекине натпреварот.

На стадионот на ст.Петерсбург ќе се играат вкупно седум натпревари. Четири натпревари од групната фаза од СП: Мароко – Иран, Русија – Египет, Бразил – Костарика и Нигерија – Аргентина, еден натпревар од осмото финалето, едно полуфинале и натпревар за трето место.