Connect with us

Фудбал

ФИФА неправилно го казнила Мексико

 

Спортскиот арбитражен суд во Лозана пресуди дека ФИФА неправилно парично ја казни фудбалската федерација на Мексико поради наводни „хомофобични скандирања“ на навивачите на адреса на противнички фудбалери за време на квалификациите за СП 2018.

Судот тврди дека иако се извикуваа „навредливи зборови“, ФИФА си создала погрешно, но легитимно разбирање и овие случаи нема да бидат казнети.

На Мундијалот 2014 во Бразил, Дисциплинската комисија на ФИФА не наложи казни за Мексико, поради скандирања на навивачите. Сепак, откако започнаа Мундијалските квалификации, Светската фудбалска федерација ги дефинираа песните на навивачите како „хомофобични скандирања“.

Станува збор за скандирања насочени кон голманите на ривалите со цел д аги деконцентрираат. Во нивните песни „Ehhhh, Puto“ тие се нарекуваат „машки проститутки“ кои, според судот, не се манифестација на хомофобија.

Мексико се жалеше за глобите во вкупен износ од 35 илјади швајцарски франци за натпреварите против Салвадор во ноември 2015 години и Канада во март 2016 година. Судот ги отфрли казните уважувајќи ги жалбите на Мексиканците, но ги поддржа предупредувањата на ФИФА.