Connect with us

Фудбал

Фиорентина го потврди доаѓањето на фудбалерот од Евертон, се чека уште Пјаца

Фиорентина во новата сезона од Серија А ќе влезе одлично покриена ка крилните позиции, со оглед дека денеска од таборот на „Виолетовите“ потврдиле дека на екипата ќе се придружи и Кевин Миралас, а се очекува и доаѓањето на Марко Пјаца.

Кевин Миралас одамна е вишок на „Гудисон Парк“, а Белгиецот во Фиорентина првобитно доаѓа на позајмица од Евертон, а италијанската екипа ќе има можност да го откупи неговиот договор наредното лето.

„Фиорентина соопштува дека ги доби спортските права на Кевин Миралас од Евертон кој доаѓа на позајмица, со опција за откупување на договорот“, денеска соопштија од Фиорентина.

Се претпоставува дека со Миралас, кој последната полу сезона ја помина во Олимпијакос, договорена е соработка од четири години, а во Фиорентина наскоро се очекува и доаѓањето на Марко Пјаца. И Пјаца би требало да дојде прво на позајмица, а потоа неговиот договор би бил откупен за околу 20 милиони евра.